Правата на животните Заштита на правата на животните. Храна од животинско потекло. Мојот однос кон животните. Моето домашно милениче. Мислењата се поделени: дали животните воопшто имаат права и на што сме ние (ако сме) обврзани како луѓе спрема животните. Концептот на правата на животните вели дека животното не е предмет, бидејќи мисли и трпи. Луѓето се разликуваат од животните по тоа, што имаат поразвиени интелектуални способности. Не постои ни најмала разлика меѓу животните и луѓето во поглед на способноста за чувствување болка или пријатност, па сигурна сум дека тоа треба да биде главен критериум во определувањето на правата, независно од другите способности. Здравиот разум ни налага со правото на слобода/заштита од задавана болка и страдање да ги опфатиме и животните. Затоа мислам, дека сите суштества способни да чувствуваат болка или пријатност имаат право да очекуваат од сите морално одговорни суштества да се воздржуваат од мачење. Човечката крутост спрема животните има разни облици. Може да биде само поради глупавост на еден човек којшто го малтретира животното за кое „се грижи”, може исто да биде во форма на дејност на некоја фирма или „истражувачка институција”. Поради човечката глупавост, алчност или едноставно лоша волја страдаат многу животни. Очигледно е дека треба да се спротивставиме. Постојат многу институции во светот и вo Полска, кои се занимаваат со правата на животните, укажуваат на различни проблеми и предлагаат различни решенија, употребувајќи различни начини на убедување. Ако некој сака да се приклучи кон некоја таква организација, може да избере. Секој треба да памети дека животното е добро, тоа е вредно за човекот и за себе, потребна му е грижа, заштита, па дури и реклама. Јоана Кожел: Мислам дека и животните и луѓето имаат право да живеат. Но, за некои животни ова право е ограничено бидејќи тие живеат само за да станат јадење на човекот. Така е на пример со кравите, кокошките, свињите и со други домашни животни. Очигедно е дека сите животни треба да третираме добро, особено тие кои ги земаме дома за да станат членови на нашето семејство. Тогаш имаме посебна обврска да се грижиме за животните многу добро. Не ја разбирам ситуацијата кога некој зема некое животно дома, а потоа сака да го исфрли како ѓубре. Таквото однесување треба да се казнува. Според мене нема разлика меѓу животните и луѓето, зашто сите живееме и чувствуваме болка. Никој не добил од никого право да убива и да јаде животни. Дури и во Библијата никаде не пишува дека човекот може да убива и да јаде други суштества. Смешно е, кога некој што не разбира што е вегетаријанизмот вели дека човек не може да живее нормално без месо. Вистина е дека нашите организми не се приспособени за јадење секакво месо, како на пример, мачка. Секој треба да размисли зошто го сака своето куче, а ги јаде другите животни. Животните не се предмети, туку живи суштества кои чувствуваат болка и пријатност. Порано животните биле третирани подобро од сега. Сега се третирани како машини за месо, јајца и кожа. Мораме да го измениме нашиот однос кон животните. Малтретирањето на животните, барем според мене, не е помал престап од малтретирање човек. Загадувањето на воздухот Причинители. Последици. Како можеме да ја заштитиме природната средина? Со секој ден луѓето знаат сè повеќе за екологија, ама не секој го употребува знаењето. Непромислената дејност може да предизвика незавидна состојба на нашата планета. Во текот на последните триесет години ја доведовме животната средина до состојба, од која е тешко да се избега. Големата емисија гасови во атмосферата води кон затоплување, кон штетен процес на климатски промени. Над Арктикот има голема дупка во озонската обвивка, преку која до Земјината површина допираат штетни радијации, чии последици се рак на кожата и промени во генетските структури. Ги уништуваме шумите, а во морињата излеваме штетни хемиски супстанции. Најдобар индикатор на загадувањето се лишаите – тие се најосетливи земски организми на загадувањето, од нив можеме да заклучиме колку многу е загадена средината. Сè помалку ги наоѓаме, бидејќи не можат да постојат во толку непогодни услови. Tолку загадена средина ги загрозува самите луѓе, и затоа треба да брзо да се спроведат некакви промени, кои ќе помогнат за спас на Земјата. За да го совладаме глобалното затоплување, треба да не се употребуваат фреони, кои се во спрејовите, ладилниците, лаковите за коса, освежувачите на воздухот. Тешко е да не се употребуваат вештачки ѓубрива, без нив би имале големи загуби во храната; за жал тие ја загадуваат почвата, езерата, реките и организмите кои живеат во нив; без нив ние и нашата средина би биле поздрави. Треба да се прекинува светлото и другите опреми, кога не ги употребуваме, да штедиме енергија. Можеме да штедиме вода, на пример подобро да се тушираме наместо да се капеме, тогаш употребуваме помалку вода; исто така, кога миеме заби. Треба да се грижиме за чистота на нашата средина и не смееме да го расфрламе ѓурбето. Треба да ги разделуваме отпадоците, бидејќи тогаш ќе можеме да ги употребуваме повторно. Треба повеќе да се возиме со велосипед или со средствата на градскиот сообраќај, а помалку со нашите коли. Во продавниците треба да земаме предвид како се завиткани продуктите, кои сакаме да ги купиме; најдобро е да ги купуваме тие, од кои амбалажата може да се разложува и/или рециклира. Ако имаме некави работи, кои веќе не ги сакаме, можеме да ги дадеме на другите луѓе или во специјални организации, кои ќе ги предадат тие работи на луѓе, на кои им се потребни. Треба да одиме да пазарува со сопствени торби. Секаде се наоѓаат пластични кеси и вреќи, природата не е способна да преработи толкаво количество пластика. Кога се стремиме кон подобрување на нашиот живот, трпи природата – во иднина поради загадувањето ќе страдаме ние. Луѓето знаат сè повеќе за екологија, ама не го користат тоа знаење. Знаеме, дека над Арктикот има голема дупка во озонската обвивка, дека имаме голема емисија на гасови во атмосферата, дека произведуваме огромно количество ѓубре. И секој знае дека може да штеди вода и енергија, како и дека треба да се грижи за чистотата на својата/нашата животна средина. Повеќе зборуваме отколку што правиме. 1. Што правиш ти за заштита на животната средина? 2. Кои производи и амбалажи кои се во секојдневна употреба се најнееколошки? Со што треба да се заменат? Улогата на вулгаризмите во јазикот Нивните позитивни и негативни страни. Дали е тоа знак за недостиг на култура или само духовито стилизирање на изразот? Првото важно прашање кое е поврзано со проблемот на вулгаризмите е: што воопшто е вулгаризмот? Вулгаризмот е таков дел од јазикот (не само од јазикот, но овде зборуваме само за јазичните вулгаризми), кој го прекршува јазичното табу. Најчесто вулгаризмите се поврзани со сексот и со половите органи. Ама, кога го употребуваме зборот крава во неговата апелативна форма, т.е. ако се обидеме да навредиме некого: ти си крава, тоа исто така е вулгарно. Можеби самиот збор крава не е вулгаризам, зашто основното значење е ‘животно’, ама целата реченица е вулгарна, затоа што намената е вулгарна – сакаш да навредиш/опцуеш некого, и затоа го кршиш јазичното табу. Вулгаризмите можеме да ги слушнеме на улица, во автобус, на работа. Тие зборови се многу фреквентни во јазикот, пред сè во јазикот на младите луѓе. Најлошо е тоа, што младите луѓе ги употребуваат вулгаризмите секаде и секогаш. Некогаш порано, кога пцуел некој, или кога употребувал некој вулгаризам, тоа имало свое природно значење. Сега веќе тоа е променето. Сега природното значење се загубило – луѓето воопшто не чувствуваат дека употребувајќи вулгаризам тие го кршат јазичното табу. Вулгаризмите сега се зборови со фатичка функција. Ако се употребуваат одредени зборови како интерпунктор, како запирка (на пр. бе, ма, бре, ај) – тоа е знак за пад на културата на говорот. Јас многу би сакал да престанам да пцујам, ама има некои ситуации кога тие зборови сами по себе излегуваат од уста. Вулгаризмите ја зголемуваат силата на изразот, внесуваат експресивност. Кога нешто не ти успеало, кога си нервозен, тоа е најбрзиот начин за смирување. Кога некој ги употребува само понекогаш, тоа не е проблем. Сите зборови се создадени за да ја олеснат меѓучовечката комуникација. Проблем се појавува кога некој ги употребува прекумерно, не знае за граница и ги прифаќа како „нормални“ зборови. Кога некој употребува некој збор почесто од другите, луѓето обично му се смеат, и се вели дека тој човек има збор-паразит. Од друга страна, мнозинството луѓе ги уптребуваат вулгаризмите како зборови-паразити, па никој не им се потсмева за тоа. Според мене, тоа е интересен факт. Веќе споменавме дека вулгаризмите имаат моќ да ја зголемат експресивноста на исказот, ама јас би рекол дека тие се или би требало да бидат на последно место при изборот на епитетите. Јазикот е толку богат, што секогаш можеме да најдеме невулгарен еквивалент. Кога не можеме да се сетиме на таков, тогаш останува вулгарниот збор, ама тоа го определува зборувачот. Негов е ризикот дека ако употребува пцости, околината може да го оцени како многу ограничен човек. Вулгаризмите, како и сите други зборови, се вклучуваат во речникот на јазикот и затоа мислам дека свесни употребувачи на јазикот можат да ги употребуваат толку често, колку што мислат дека е соодветно. Најважно е секој да памти дека тие се специјални зборови, што значи дека имаат исклучителна функција и треба да ги употребуваме во согласност со таа функција. Вулгаризмите обично служат како извичници, иако луѓето често ги третитаат како запирки. Тоа често сведочи за лексичка сиромаштија. Освен тоа, мислам дека пцуењето во присутност на родители, учители или претпоставени е безобразно, како и кога пцуеме за да навредиме некој друг човек. Нашиот јазик сведочи за нас, па треба да го употребуваме разумно. М.П. Употребувањето на вулгаризмите во нашето општество е поделено на два вида: - кога пцуе маж, тоа не е ништо лошо, е нормално - кога пцуе жена, таа е некултурна, лошо воспитана итн. Не сакам да зборувам зошто луѓето употребуваат вулгаризми, туку зошто тие луѓе се критикувани и третирани како маргина. Разбирам дека може да нервира кога сме во автобус или во ресторан и некој многу гласно пцуе. Треба да имаме почит кон другите луѓе. Ама зошто кога ние сме во кино и гледаме филм во кој некој пцуе се смееме, а кога некој на улица употребува вулгаризми се лутиме? За мене вулгаризмите се нешто нормално, тоа е дел од нашиот јазик и не гледам ништо лошо во нивната употреба. Странските јазици во животот на човекот Националниот карактер на Македонците Какви се Македонците во споредба со Полјаците? Основни доблести и мани. Марта Новаковска Македонците, како народ кој живее на југ, се поотворени и покомуникативни од народите кои живеат на север, на пример, од Полјаците. По менталитет се послични на Италијанците или на Шпанците. Македонците имаат помала т. н. „интимна сфера“, кога зборуваат со некој друг имаат поголема потреба од физички контакт со соговорникот. Почесто го допираат другиот човек и употребуваат повеќе гестови во текот на разговорот во споредба со Полјаците. Сето тоа е поврзано со климата во која живееме. На човекот, да биде добро расположен му е потребно сонце, зашто сонцето многу добро влијае врз нашиот невролошкиот систем. Под влијание на сончевите зраци во организмот се создаваат супстанции кои се викаат невротрансмитери. Благодарение на нив луѓето поретко имаат депресија и се поотворени кон светот. Така е, на пример, со Македонците и со сите други јужни народи. Тоа исто така може да се види во други работи. Иако ситуацијата на македонското стопанство не е добра, има голем проблем со невработеност, Македонците се среќни и не се жалат како Полјаците. Во Полска ситуацијата се подобрува секоја година, но Полјаците не можат да се научат да бидат среќни со тоа што го имаат. Оваа радост и ведро расположние се нешто што најмногу ми се допадна кај Македонците и што Полјаците би можеле да се научат од нив. Па од друга страна оваа радост и ведрото расположение причинуваат Македонците да се неодговорни и да не држат збор. Тешко е да се договориш со некој Македонец. Исто така, Македонците почесто ги изневеруваат своите партнери, бидејќи почесто прават нешто под влијание на моментот, без да размислуваат за тоа. Македонците имаат уште една голема мана – тие фрлаат ѓубре секаде. Македонија е толку убава држава, што без проблеми би можела да привлече многу туристи, но само тогаш, кога Македонците ќе се научат како да го почитуват своето природно богатство. За сето тоа одговорен е јужниот менталитет, кој едноставно е многу интересен но може исто така да биде опасен за нашата животна средина. Меѓутоа, ако треба да кажам една најголема доблест на Македонците, најмногу ми се допаѓа кај нив дека се услужливи и чесни. Во Македонија може да се остави отворена кола на улица и никој нема да ја украде, може да се остави отворена куќа цел ден и цела ноќ и никој нема да провали, а секој, на кого му е потребна помош, ќе ја добие од добри луѓе. Глобалното затоплување – реална закана Глобалното затоплување може да предизвика растопување на ледените покривки. Се чини дека пукнатината настаната во последните години во ледената покривка на Западен Антарктик е последица од глобалното затоплување. Растопувањето на ледените покривки може да предизвика зголемување на морското ниво и загрозување на милиони луѓе, кои живеат на ниско положените морски брегови и близу до речните утоки. Велат дека морското ниво е подигнато 6 сантиметри во текот на последните 10 години. Ако температурата порасте, градовите како Ротердам, Лондон, Њу Орлеанс или Венеција ќе бидат под вода. Физичките правила велат дека порастот на температура на водата го предизвикува нејзиниот поголем обем, што може да ги зголеми последиците од растопувањето на мразот. Кога се затоплува климата, во многу региони има катастрофални суши – регионите се позагрозени од пожари. На пример, многу сериозен и опасен беше пожарот во Националниот Парк Јеловстон како и постојаните планински пожари во средоземноморските држави. Пожарите се природни појави во тие места, ама површината на сувите региони и фреквенцијата на пожарите се зголемуваат во последните години. Човекот употребувајќи ги сè повеќе и повеќе горивата, сечејќи ги шумите, а на нивните места создавајќи згради или индустриски комбинати, причинува глобално затоплување и климатски промени. Во некои региони недостасува вода, што е причина за намалување на плодовите во многу плодородни региони на светот. Карактеристични за сегашните климатски промени се исто така честите катастрофални урагани. Зголемувањето на температурата ослободува вода од снежните покривки, глечерите и езера покриени со ледени бариери, што зголемува поплави. Катастрофалните поплави се поврзани со сечењето на планинските шуми. Падините лишени од растителност не задржуваат вода, се помалку отпорни на ерозија и се големо загрозување на жителите во планински градови и села. Во мај 1998 во планина околу Неапол во јужна Италија под каллива лавина умреле стотици луѓе. Размерите на загрозување се многу големи, бидејќи планините сочинуваат 40% од површината на земјата. Дури и малите промени на температурата имаат големо влијание на животинскиот свет. Зголемувањето на температура предизвикува миграција на животните и преместување на растителниот свет до поладните региони – на север на северната хемисфера и на југ на јужната хемисфера. Многу добар пример за таква миграција е пеперутката русалка адмирал (Vanessa atalanta), позната во Европа и Америка. До неодамна научниците мислеа, дека тие пеперутки не зимуваат во Велика Британија, дека летуваат таму. Ама од неколку години многу набљудувања потврдија, дека тие пеперутки зимуваат во Велика Британија како имаго – форма на возрасна пеперутка. Најверојатно причината лежи во глобалното затоплување. Темперамент